Идната недела, на 2 декември, ќе се одржи седницата за избор на нов претседател на Уставниот суд поради истек на деветгодишниот мандат на актуелниот претседател Дарко Костадиновски.
Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски на колегиум одржан на 2 ноември ги извести судиите за динамиката на состаноците и седниците. Меѓу нив и за изборот на нов претседател на Уставниот суд, на седница која ќе биде одржана на 2 декември, соопшти денеска Уставниот суд.
Мандатот на Костадиновски истекува во јануари.
Инаку, денеска на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата како предлог за нов уставен судија кој треба да дојде на местото на Гоце Наумовски е предложена судијката Теодора Ефтимовска – Бојковска која доаѓа од Основниот суд Гостивар.

