Засега не е на повидок постигнување договор со САД за прекин на непријателствата, изјави висок претставник на Корпусот на Иранската револуционерна гарда за западни медиуми.
„Техеран нема да попушти пред претераните барања на Вашингтон“, додаде тој.
Според него, Иран бара исполнување на своите услови пред повторното отворање на Ормуцкиот теснец, па дури тогаш земјата би била подготвена да преговара за својата нуклеарна програма.
Иранскиот претставник, исто така, предупреди дека Иран остро ќе одговори на евентуални нови американски напади, „како во регионот, така и пошироко“.
Реакцијата од Техеран доаѓа по вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот меѓу САД и Иран е „на дофат“.
Истовремено, Трамп се закани дека доколку до таков договор не дојде, САД ќе возвратат жестоко.
Американски напад врз Кешм
Во меѓу време, американската војска синоќа изврши воздушен напад од „помал обем“ врз иранскиот нафтен остров Кешм во близина на Ормуцкиот теснец. Според американски претставници, станувао збор за „одбранбен напад“, откако Иран наводно отворил оган врз американско летало.
Иранската Револуционерна гарда тврди дека успеала да собори американско беспилотно летало од типот „MQ-9“, како и два други помали дрона.
Најновите случувања во Ормуцкиот Теснец доаѓаат на денот кога во САД се одржуваат изборите на половина на мандат. Трамп претходниве недели ја минимизираше можноста за повторно избувнување војна, но во истовреме се закани со напади врз иранските нуклеарни постројки.
Во последните месеци, тензиите и насилството меѓу САД и Иран постојано повторно се разгоруваат.

