Суд во Кина го осуди на смрт поранешниот шеф на автономниот регион Гуангси, Лан Тјанли, кој е обвинет за корупција и примање мито.
Судот го прогласи Лан за виновен за примање големи количини мито додека извршувал разни функции во јужниот кинески регион од 2008 до 2025 година, во замена за давање дозволи за јавни проекти и за назначувањето високи функционери. Се проценува дека тој земал мито во вкупна вредност од 88,2 милиони долари.
Народниот суд ги наведе големите количини мито и сериозната штета предизвикана на државата и јавноста како причини за пресудата.
Како и во претходни вакви случаи, извршувањето на смртната казна е одложено за две години. По ова, казната може да му биде замениета со доживотен затвор без можност за помоливање.
Со одлука на Судот на Лан му е конфискуван целиот имотот и му се одземени политичките права.
Смртните казни за високи функционери на Комунистичката партија во Кина се релативно ретки и најчесто се изрекуваат во особено сериозни случаи.

