Вечерва 23 ноември понеделник,во 19 часот, во Кино салата на Cineplexx, на големото платно, ќе биде проектиран долгометражниот македонски филм „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски.
Во филмот улогите ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска и Сара Анастасовска, а приказната се врти околу потрагата по среќата и нејзината моќ да ги поврзе луѓето.

„Ефектот на среќата“ е долгометражното играно деби на Борјан Зафировски, кој ја потпишува режијата, а сценариото го создава заедно со Дејан Дуковски и Огнен Георгиевски. Зад камерата е директорот на фотографија Димо Попов, а меѓу монтажерите е и Андрија Зафрановиќ кој е едно од најценетите имиња на поранешните југословенски кинематографии.
Проекцијата е дел од програмата на Агенцијата за филм „Македонски филм. На големо платно“ преку која секој понеделник, во 19 часот има бесплатна кино проекција на македонски филм во Синеплекс.
Овој понеделник, запознајте ја Леа и нејзината необична идеја: може ли среќата да се шири од човек на човек? Влезот за кинопроекцијата е бесплатен


