Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот од 10 до 15 декември, најавува градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој за телевизија Сител вечерва изјави дека избрана е компанија задолжена за украсување на градот, а целата постапка била транспарентна и деталите се јавно достапни.
Прославата на новогодишната ноќ ќе биде на плоштадот „Македонија“ во центарот на градот, а за новогодишната забава ќе бидат задолжени домашни музички имиња кои се уште не се утврдени.
Годинава, нема да има огномет за новогодишната ноќ.

