Во Операта и театарот „Мадленијанум“ се одржа премиерата на мјузиклот „Евита“ од Ендру Лојд Вебер и Тим Рајс, во режија на Маргарета Табороши, при што текстот на песните е препеан на српски јазик.
Во саботата навечер, публиката имаше можност да ужива во раскошна сценска постановка и да слушне некои од најпознатите песни од мјузиклот, меѓу кои и безвременската „Не плачи за мене, Аргентино“ (Don’t Cry for Me Argentina).
Мјузиклот „Евита“ – преку музика и изведба – ја раскажува приказната за животот на Ева „Евита“ Перон, која од скромно детство се издигна до самиот врв на аргентинската политичка и општествена сцена.
Главните улоги ги толкуваа: Ирина Арсенијевиќ како Ева Перон, Ненад Нениќ како Хуан Перон, Марко Живковиќ како Че, Александар Седлар како Магалди и Ивана Зечевиќ како Љубовницата.
На крајот од изведбата, уметниците беа испратени со долги аплаузи од публиката.
Диригент на претставата е Ѓорѓе Станковиќ, а кореограф е Александар Саша Илиќ.
Првата реприза е закажана за 2 декември на Главната сцена на „Мадленијанум“.
Премиера на мјузиклот „Евита“ во „Мадленијанум“

