Претседателот на Народното собрание на Србија и в.д. шеф на државата Александар Чупиќ, денеска ги закажа претседателските избори во земјата на 27 декември 2026 година.
Крајниот рок за закажување на првиот круг од изборите беше 27 ноември, а само еден ден претходно Чупиќ го потпиша документ со кој се официјализира одлуката.
„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми“, рече Чупиќ.
Сепак, на еден месец до гласањето сè уште има многу непознати – од тоа кој ќе номинира кандидати, па до нивните имиња.
Јасно е дека ова ќе биде кратка претседателска кампања што доаѓа во време, додека се чека формирањето на нова влада предводена од Студентската листа, по нејзината убедливата победа над Српска напредна партија (СНС) на парламентарните избори во октомври.
Засега не е познат кандидатот за претседател на Студентската листа, иако извори од движењето брифираат дека неговото име е веќе усогласено.
По поразот на изборите, неизвесно е дали СНС воопшто ќе учествува во претседателската трка, Таква можност веќе најави поранешниот српски претседател и шеф на пратеничкаат група на СНС во Собранието, Александар Вучиќ. Сепак, тој не ја исклучи целосно можноста СНС да учествува на изборите доколку партиското собрание одлучи така, додавајќи дека тоа би било „против негова волја“.
Политичкиот аналитичар Виктор Стаменковиќ смета дека СНС избира помеѓу две лоши опции: да немаат кандидат или да имаат кандидат и да постигне лош резултат.
„Може да се очекува дека поддршката за партијата брзо ќе се намали, освен ако не дојде до големи економски колапси. Ова беше случај и со други авторитарни режими, по падот од власт, како што е Фидес во Унгарија, кој изгуби речиси половина од својата поддршка за само неколку месеци“, вели Стаменковиќ.
Кој се досега најави учество на изборите?
Неколку политичари навестија дека сакаат да учествуваат во претседателската трка.
Меѓу нив се Бранко Павловиќ, адвокат и правник, поранешен член на српскиот Парламент од редовите на опозициското движење „Ние – Гласот на народот“, бизнисменот Богољуб Кариќ, чија партија Движење Силата на Србија (ПСС) освои околу 20.000 гласови на парламентарните избори во октомври, како и докторот Бранимир Несторовиќ, лидер на движењето „Ние – Силата на народот“.
Како кандидат се споменува и Александар Вулин, еден од најблиските соработници на Вучиќ и лидер на Движењето на социјалистите (ПС). Сепак, засега не е познато дали Вулин, кој беше министер во неколку влади и е поранешен шеф на Безбедносната и информативна агенција (БИА), навистина ќе се кандидира.
За поднесување кандидатура за претседател потребни се најмалку 10.000 заверени потписи.

