Две финансиски друштва добија привремена забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена.
Министерството за финансии, кое ја сподели информацијата, посочува дека вонредниот надзор бил спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани.
Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности, велат од Министерството за финансии.
Оттаму ги охрабруваат граѓаните кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk.

