Жителите на Крива Паланка го ставаат во мирување протестот најавен за сабота за решавање на проблемот со кравите со цел да им дадат простор на надлежните институции да постапат. Информацијата ја сподели на Фејсбук првиот човек на Општината Сашко Митовски.
Нашите аргументи за надлежностите се прифатени. Институциите добиваат простор за реализација на Акцискиот план, Најавените протести се ставаат во мирување, напиша Митовски.
Во објавата, Митовски посочува дека по две и пол години упорна борба, потврдени се нивните ставови за законските надлежности и одговорноста на институциите.
Даваме простор за постапување, но очекуваме конкретни резултати без одолговлекување. Секојдневно ќе го следам исполнувањето на задолженијата. Вистинската победа ќе ја прогласиме кога граѓаните ќе бидат безбедни, имотите заштитени и штетите ќе престанат. Дотогаш, нема отстапување!, напиша Митовски.

