Синдикатот за култура денеска повторно организира протест пред Уставниот суд којшто треба да одлучува во врска со уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура.
Ова е борба за правна и социјална сигурност, борба за достоинство, еднаквост и почитување на трудот на сите културни работници. Не дозволуваме културата да биде обезвреднета, а работничките права избришани! Нашето присуство е порака дека зад овие права стојат луѓе, професионалци и институции кои нема да молчат кога се доведува во прашање нивната иднина!, се вели во повикот од Синдикатот за култура.
Синдикатот на културата бараат јавна расправа за да може да ги изложат своите аргументи.

