Кривична пријава за криумчарење е поднесена против српски државјанин кој на граничниот премин „Богородица“ се обидел да прошверцува 5000 штеки цигари.
Осомничениот, преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“ на влез во земјава, во камион на српска фирма на која бил сопственик, пренел непријавена стока 5000 штеки цигари од трговските марки “Marlboro”, „Davidoff“ и „Winston“ кои биле ставени во 100 картонски кутии без ознаки. Вкупната вредност на цигарите е значителна и изнесува околу од 9.000.000 денари. Цигарите се обидел да ги пренесе во камионот, декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати, но помеѓу пријавената стока во приколката царинските службеници во предниот дел и во средината на приколката ја пронашле и непријавената стока која веднаш била одземена, информира Обвинителството.
Обвинителството бара притвор за него бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.

