Со заладувањето полека стинуваат и пожарите на отворен простор. Денес Центарот за управување со кризи регистрира три пожари до 13 часот од кои еден е активен и еден под контрола.
Активен е пожарот меѓу селата Буковиќ и Раовиќ во општина Сарај каде гори ниска вегетација, а под контрола е пожарот кај селото Белица во општина Македонски Брод.

