Пронајдено е телото на шестгодишно дете кое во петокот паднало во реката Рибница во Подгорица, изјави денеска Марко Радуловиќ, командир на Службата за заштита и спасување на Подгорица.
Во потрагата во саботата се вклучија нуркачи од Регионалниот центар „Бијела“; Данило Мијајловиќ од овој центар изјави дека официјално барање за помош во операцијата добиле во саботата наутро, пренесува RTCG.
Спасувачките екипи пребаруваа неколку локации долж реката Рибница, од населбата Коник до Скалине, опфаќајќи го потегот од местото каде што во петокот било пријавено исчезнувањето на детето, па сè до вливот на Рибница во реката Морача.
Првичната пријава била добиена во петокот во 14:08 часот, по што спасувачки екипи биле упатени на лице место.
Откако почетната потрага не даде резултати, беа ангажирани дополнителни ресурси.
Црна Гора: Пронајдено телото на шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница

