Во рамки на 18. Фестивал на музика од светот, на 25 ноември во фоајето на Центарот за култура Битола, во 19 ч, ќе биде отворена изложбата „Бучава што создава идентитет“, посветена на богатото наследство на македонската рок-сцена. Изложбата е во реализација на НУ Центар за култура Битола, во соработка со НУ Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани, а авторско дело на Тошо Филиповски.
Преку архивски фотографии, портрети на легендарни музичари и оригинални ракописи на познати македонски рок-песни, изложбата раскажува приказна за музиката што оставила белег врз генерации. Изложбата е дијалог помеѓу сликата, звукот и зборот – сведоштво за една култура што со децении го гради својот идентитет.

