Најмалку 25 лица загинале или се водат како исчезнати во серија саудиски воздушни напади врз автобуси и камиони на територија под контрола на проиранските бунтовници Хути во југозападен Јемен.
„Бројот на жртви од нападите на саудиските непријателски авиони врз автобуси и камиони во Вади Мабак, во провинцијата Лахџ, се искачи на 25 загинати или исчезнати, а шест лица се ранети“, објави новинската агенција на Хутите, Саба.
Според истиот извор, присуството на саудиски авиони во воздушниот простор на Јемен, ја попречува работата на службите за итна помош.
Воениот портпарол на Хутите инфромира дека нападите се случуваат во време кога нивните борци напредуваат против јеменските владини силиво тој дел на земјата.
Според Хутите, пред овој напад во саудиското бомбардирање на пристанишниот град Ходеида, загинале најмалку 17 лица.

