Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа, според податоците од меѓународната служба за следење на интернет NetBlocks.

„Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е отсечен од интернет повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на социјалната мрежа X, предупредувајќи дека „пристапот до отворениот интернет е спас во време на криза, а исклучувањето на интернетот покажува непочитување на правото на јавноста да остане информирана и да се вклучи во иднината на својата земја“.
Во сабота, на 28 февруари, САД и Израел започнаа серија напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, предизвикувајќи штети и цивилни жртви.
Иран одговори со ракетни напади на израелска територија, како и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.




