дома Македонија Албански сојуз – новата партија на Зијадин Села

Албански сојуз – новата партија на Зијадин Села

Зијадин Села формира нова партија откако го изгуби судскиот спор со Арбен Таравари. Села во интервју за „Лајм“ открива дека името на новата партија е Албански сојуз.
          – Не сум оставил на случајноста, сум создал таа нова политичка партија. Тоа е Албански сојуз, има црвено – црни бои. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзините каузи имаат свое продолжение, вели Села.
Села го предводеше едното крило од Алијанса за Албанците, а Таравари другото крило. Села и Таравари се разидоа пред изборите во 2024 година.

ПредходнаАРМ ја јакне мобилноста за одбрана на Македонија. Пристигнаа првите „страјкери“ од САД
СледнаКумановец крвнички ја претепал сопругата, и скршил три ребра