дома Македонија Политика АРМ ја јакне мобилноста за одбрана на Македонија. Пристигнаа првите „страјкери“ од...

АРМ ја јакне мобилноста за одбрана на Македонија. Пристигнаа првите „страјкери“ од САД

 

 Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави како дел од договорот за опремување на македонската армија со лесни оклопни возила.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со овие возила значително ќе се зајакне капацитетот на АРМ.

– Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста, ја зголемува мобилноста на самата Армија и на тој начин стануваме пококуретни споредено со другите армии. Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да инвестираме во нашата македонска Армија. Сакаме да имаме целосно нова современа опрема, се разбира во рамките на можностите на буџетот и сите оние критериуми што се бараат до 2032 година да бидат од наша страна исполнети. Тоа што сега претставува минимум, ние сме многу над тој минимум – рече Мицкоски.

На прашањето каква е безбедносната состојба во државата поради војната на Блискиот исток, Мицкоски одговори дека е стабилна и дека власта има целосна контрола.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека ова е еден од најкрупните проекти на одбрана и оти е многу важно да се продолжи со обуката.

– Сега стигнаа 17 страјкери, другите би требало да пристигнат до средината на летото, се надевам. Но, ќе продолжиме со сè она што е во делот на нашата модернизација. Постојано ќе има, ќе гледате вакви проекти. Јас сум благодарен на она што го гледате, зад нас може да видите и други возила што во минатото биле во гаражите, а благодарение на проектот со Америка ги ставивме во функција и другите возила – рече Мисајловски.

Тој додаде дека „она што го бара НАТО од нас е да вложуваме над дваесет проценти во модернизација и ние го правиме тоа уште повеќе“. Над 32 процента од нашиот буџет се директно за модернизација, истакна Мисајловски.

Најави уште многу проекти кои како што рече, во изминатиот период биле договорени со САД, а повеќето поминале во Собранието.

„Очекуваме следниот период дополнителни вооружувања, дополнителна опрема, беспилотни летала, опрема за специјалните единици и многу, многу многу проекти – рече Мисајловски.

Вршителката на должност амбасадорка на САД во земјата, Никол Бернс, истакна дека ова е важен ден за Северна Македонија и за НАТО, како и за нашата заедничка безбедност.

Како што рече, преку програмата на САД за продажби на странски војски Северна Македонија добива не само напредни и интероперативни системи туку и обука за нивно ефикасно користење и одржување. – Обуката за оператори и одржување на терен, што сега е во тек во Петровец и Штип, ќе помогне овие возила да бидат подготвени кога ќе биде потребно – додаде Бернс.

ПредходнаНаграден документарецот на Котевска The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan
СледнаАлбански сојуз – новата партија на Зијадин Села