дома Локално Облачно со краткотраjни врнежи

Облачно со краткотраjни врнежи

 Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови.  Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната ќе достигне до 18 степен.

Преодно стабилизирање на времето ќе има само во понеделник, а веќе од вторник до крајот на работната недела под влијание на циклонска активност ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, додека во среда наместа ќе наврнат  и над 20 l/m². Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а веќе во петок со послаб интензитет.

ПредходнаПочнува реконструкцијата на Охридскиот аеродром
СледнаКако осаменоста убива тивко и зошто тоа никој не го пријавува тоа на лекар