Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во Македонија, а веќе од утре повторно се очекуваат врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во среда и четврток.
Утринските температури денеска ќе се движат од -2 до 6 степени, а дневните од 10 до 18 степени.
Прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи покажува дека почнувајќи од утре облачното и посвежо време ќе се задржи до крајот на работната недела. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а утринските температури на некои места ќе се симнат под нула. На планините врнежите ќе бидат од снег




