дома Македонија ЗНАМ го напушти и советничката Стеваноска во Прилеп

ЗНАМ го напушти и советничката Стеваноска во Прилеп

Движењето ЗНАМ го напушти уште еден член. Советничката во Советот на општина Прилеп, Мирјана Стеваноска соопшти дека ја напушта партијата и дека ќе дејствува како независен советник.
Одлуката, како што изјави, ја донела водејќи се од интересите на граѓаните на Прилеп.
– Во изминатиот период покажав дека не прифаќам политика на молк, слепо гласање и немо прифаќање на однапред договорени одлуки. Советникот не треба да биде декор во политички театар, туку активен и принципиелен глас на граѓаните, изјави Стеваноска.
На последните локални избори Стеваноска беше носител на советничката листа на ЗНАМ.
Претходно, Движењето ЗНАМ го напушти и пратеникот Миле Цеков кој исто така најави дека ќе дејствува како независен пратеник.

 

ПредходнаПоднесено обвинение против телохранителот на премиерот
СледнаВо Карпош назначен заменик градоначалник, општината демантира дека Сотир Лукровски сака да се повлече