Во сабота е закажана средбата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за реконструкцијата на Владата. Информацијата вечерва ја потврди министерот за јавна администрација Горан Минчев кој е кадар на ЗНАМ.

Според Минчев, на средбата ЗНАМ ќе побара детали за точниот опфат на најавената реконструкција.
– Кога се разговара за реконструкција, граѓаните мислат дека тоа е само првиот ешалон, односно министрите, меѓутоа, тука има и голем број на втор и трет ешалон – избрани и именувани функционери кои исто така се на тие позиции со соодветна намена да испорачаат резултат, рече Минчев во интервју за Канал 5.
Минчев вели дека ЗНАМ веќе направиле ревизија на двегодишното работење на сите свои функционери и дека оценката е оти нивните кадри одлично си ја вршат работата.
Во однос на настапот на следните парламентарни избори, ставот на партијата е дека ќе настапат самостојно.



