
Во Бигорски манастир денеска ќе биде спроведена крводарителна акција “Дарувај крв, спаси живот”.
-Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија го отвораме нашето манастирско семејство за сите што сакаат да направат едно мало, но бесценето дело – да подарат живот. Една капка крв може да значи живот за некого, а љубовта што ја вложувате во ова дело е дар кој го радува и самото небо, рече архимандрит Кирил.
Екипата ќе биде сместена во една од просториите на манастирскиот комплекс од 11 до 15 часот, а сите дарителите треба задолжително да понесат со себе документ за лична идентификација.
-Нека овој неделен ден биде осветлен од топлината на нашите отворени срца и нека добриот Бог им возврати со Својата благодат на сите што ја даруваат драгоцената течност, што живот значи, посака архимандрит Кирил за акцијата која се спроведува со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот.
Прва ваква активност, во Бигорскиот манастир, беше реализирана во ноември, минатата година.




