Две недели откако „Одисеја“ на Кристофер Нолан почна да се емитува во кината, холивудската двојка Том Холанд (30) и Зендаја (29) повторно заедно блескаат на големото платно. Премиерата на нивната најнова соработка „Спајдермен: Сосема нов ден“ беше одложена за една недела за да не му конкурира на епскиот филм на Нолан, но ова дело на Марвел може многу лесно да го надмине успехот на „Одисеја“.
Во „Одисеја“, Холанд го толкува Телемах, синот на Одисеј, кого го игра Мет Дејмон, а Зендаја се појавува во улогата на грчката божица Атина. Филмот за кусо време стана еден од најголемите хитови на бокс-офисот оваа година, при што за 10 дена заработи 652 милиони долари низ целиот свет. Тој успех не се должи само на Холанд и остатокот од ѕвездената екипа, туку и на начинот на кој Кристофер Нолан го направи филмот.
Британско-американскиот режисер го сними својот еп целосно со IMAX камери на 70 милиметарски филм, кој најдобро се вреднува на најголемите кино-екранови. Неколку недели по премиерата, проекциите беа практично распродадени.
Дури и Марвел го имаше тоа предвид, па премиерата на „Спајдермен: Сосема нов ден“ беше одложена за една недела за филмот да не се судри директно со „Одисеја“.
Сепак, сè покажува дека „Спајдермен“ наскоро би можел да преземе приматот за што постојат најмалку три добри причини.
1. Љубовта меѓу Том и Зендаја зрачи од екранот
Том Холанд и Зендаја веќе станаа франшиза. Се запознаа во 2015 година за време на пробните снимања за филмот „Спајдермен: Враќање дома“. Тие станаа добри пријатели и се разгореа искри. Во годините што следеа, нивната врска прерасна во една од најследените љубовни приказни во светот.
Ако ги пуштите и Том и Зендаја заедно за филм, добивате многу бесплатни онлајн промоции. Пред неколку месеци, целиот интернет беше воодушевен од едно прашање: „Дали Том и Зендаја тајно се венчаа?“ Сега знаеме дека одговорот на тоа прашање е „да“.

Но, додека „Одисеја“ ги спојува во еден голем тим, „Спајдермен“ силно се фокусира на нивната хемија. Таа е особено видлива затоа што тие не се само љубовници на големото платно, туку и во реалниот живот. Романса во која ужива Холивуд.
2. Успешните приказни на Марвел
Постојат франшизи, а посто и Марвел. По речиси 20 години, 37 филмови и 17 серии, би очекувале светот да чувствува замор од познатите суперхерои на Марвел, но тој сепк продолжува да урива рекорди.
Од 10-те најуспешни филмови на сите времиња, два го носат логото на Марвел: „Avengers: Endgame“ (2019) и „Avengers: Infinity War“ (2018).
И претходниот „Спајдермен“ оставри добар приход. „Спајдермен: Враќање дома“ заработи нешто помалку од 2 милијарди долари во 2021 година и сè уште е на 8-мо место.
„Спајдермен: Сосема нов ден“ е четвртиот филм во кој Том Холанд е Спајдермен. Малкумина успеваат да генерираат толку ентузијазам во секое следно продолжение, но првите реакции на публиката се импресивни.
Така, трејлерот за „Спајдермен: Сосема нов ден“ беше прегледан речиси 720 милиони пати во првите 24 часа. Ова го прави убедливо најгледан трејлер во светот на првиот ден по објавувањето.
Претходниот рекорд, исто така е за филм на Марвел – 373 милиони прегледи за „Дедпул и Вулверин“. Јасно е дека светот сè уште не е уморен од Марвел.
3. Помалку мултиверзум, повеќе солзи
Тука се и моќните страни на самиот филм. За почеток: срцепарателната ситуација во која Марвел го остави својот главен лик.
На крајот од претходниот филм, Доктор Стрејнџ го притиска најголемото „копче за ресетирање“ во историјата на Марвел. Тој фрла магија што го тера целиот свет да заборави кој е Питер Паркер, вклучувајќи ја и неговата девојка Ем-Џи и најдобриот пријател Нед.
И така, секој обожавател на Спајдермен е нетрпелив да открие што се случило со него оттогаш. Првите слики откриваат како Питер созреал пет години подоцна, но е исто така поосамен од кога било.
Таа емотивна премиса ја формира сржта на филмот. Филмот успева да трогне со смеа и солзи. Додека неговиот претходник се потпираше главно на импресивни специјални ефекти, на пример во вртоглавиот мултиверзум, новиот „Спајдермен“ е полн со длабочина и убедлив дијалог.
Тоа не значи дека спектаклот недостасува. Марк Рафало се враќа како импозантниот Халк, Сејди Синк, го има своето деби во Марвел во изненадувачка улога, а сцените со борби се меѓу најмоќните што франшизата ги има испорачано со години.
Том Холанд успева да го изнесе филмот извонредно добро и да го портретира цврстиот и љубезен Спајдермен.
Ако „Спајдермен: Сосема нов ден“ успее да ги претвори позитивните почетни реакции во силни критики, а сè досега укажува на тоа, филмот ги има сите предиспозиции да го надмине импресивното кинематографско постигнување на „Одисеја“.




