Судири меѓу демонстрантите и полицијата се случија на протестот на опозицијата што се одржа синоќа во Тирана, објавија албанските медиуми.

Пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, учесниците на протестот, организиран од Демократската партија предводена од лидерот Сали Бериша, побараа оставка од Рама, објавува A2CNN.
По завршувањето на своите говори пред зградата на премиерот, демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи на Албанија, но беа запрени од бројни полициски сили кои го блокираа преминот и употребија водени топови за да ја растераат толпата.
Како одговор, демонстрантите фрлаа молотови коктели, додека полицијата интервенираше со солзавец и водени топови за да ја растера толпата и да ја стави ситуацијата под контрола, објавува A2CNN.
Според албанските медиуми, неколку главни улици во Тирана се блокирани поради протестите, додека засега нема официјални извештаи за повредени.




