Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на почетокот на новата учебна година покрај тоа што им посака успех на сите ученици, се осврна и на намалениот број на првачиња во оваа учебна година.
За тоа што новата учебна година почнува со 3.000 првачиња помалку и за затворањето на 26 подрачни училишта, Јаневска со порака до најмладите – барајте си братче или сестриче.
Ако продолжиме вака, постојано ќе затвораме училишта. Оттука, можеби порака до првачињата: освен да бараат да стекнат знаење, можеби треба да бараат да стекнат братче или сестриче за овие привремено затворени училишта во иднина повторно да ги отвориме. Населението да стане свесно колку човечкиот капитал е значаен, пред сè за нив самите и нивниот живот и за нивната држава, изјави Јаневска.
Демографијата, вели таа, е посебна наука и многу нешта треба да се направат во тој правец.

