Од вечерва Каварадци почнува да плусира во ритамот на „Тиквешкиот гроздобер“. Организаторите најавуваат богата тридневна забава со познати музички ѕвезди од земјава и соседството и дегустација на познатото тиквешко вино.
На Градскиот плоштад ќе има поставени брендирани штандови и шатори за промоција и дегустација на познатите тиквешки вина, ракија, маџун и традиционални специјалитети.
За музичкиот дел вечерва ќе бидат задолжени македонскиот состав „Зи Бомб“, потоа Де Вито и DJ Галовски, а утревечер ќе настапат „Дупер“ и „Нокаут“ и легендарниот Желко Сарамџиќ. Во недела кога завршува фестивалот сцената е резервирана за младата музичка пејачка Џејла Рамовиќ и пејачот Пеџа Јовановиќ.

