Нов удар по џебот на граѓаните. Од полноќ поскапуваат горивата – дизелот за шест денари, бензините за три денари.
Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, цената на дизелот надмина 100 денари за литар. Од полноќ тој ќе се точи по цена од 101 денар за литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 97 ден/литар, а малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 99 ден/литар.
Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 8 денари за литар и тоа ќе се продава по цена од
105,00 ден/литар, а поскапува и мазутот за 1,591 ден/кг.

