Јон Фрчкоски од СДСМ на својот Фејсбук профил објави дека Владата и наложила на Државна лотарија да ја намени нераспределната дивиденда за прославата на 35 годишнината од независноста.
Колку лаже Мицкоски? 100%. Нема „0 денари“ туку 5 милиони евра, народни пари. Или по онаа народната, ако Мицко лаже, документите не лажат. А.Д Државна Лотарија, 100% во сопственост на државата распишува “Јавен Повик” за организација на прославата “врз основа на ЗАПИСНИКОТ ОД 167ма СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА”. Значи владата на Мицкоски преку заклучок на седница му “укажува” на своето акционерско друштво нераспределената дивиденда за 2024-та година во вредност од 300.000.000 денари да ја намени за прослава, пишува Фрчкоски во објавата.
Владата на Мицкоски, додава Фрчкоски, одлучила т.е “укажала” 5 милиони евра да завршат токму за прослава.

