Скопјанецот по кого се трагаше во Охрид е пронајден во водите на Охридското езеро. Неговото беживотно тело е пронајдено од езерската полиција на околу 50 метри од копното.
Исчезнувањето на 31-годишниот Б.С. во полиција го пријави неговиот татко со кого престојувал во автокамп во Охрид.
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 22 часот езерската полиција и СВР Охрид во близина на автокампот, на околу 50 метри од копното во водите на Охридското Езеро, го пронашле безживотното тело на Б.С. (31) од Скопје.

