Во шумите на Боливија биолози открија нов вид мачка. Откритието е важно само по себа имајќи предвиде дека од последното откривање на нов вид мачка поминати се повеќе од 100 години.
Нов вид тигреста мачка, чие латинско име е Leopardus tilcayo, е со дамки по телото и нешто помала од домашната мачка.
Преку генетски истражувања утврдено е дека станува збор за посебен нов вид, кој се изолирал од другите мачки пред околу 1,4 милиони години.
Скриена тигреста мачка
Последен пат нов вид мачка бил откриен во 1923 година, кога била идентификувана уругвајската пампаска мачка (Leopardus fasciatus).
„Фактот што tilcayo толку долго останал незабележан како нов вид, во голема мера се должи на неговиот изглед“, вели еволутивниот биолог Јонас Лескроар, кој бил еден од раководителите на истражувањето.

Тигрестите мачки се мали мачки по потекло од Централна и Јужна Америка, кои тешко се разликуваат една од друга врз основа на физичките карактеристики. Реткоста и срамежливата природа на животното исто така придонеле за тоа што тоа е откриено дури сега.
Tilcayo живее во боливискиот регион Јунгас, тешко пристапна тропска област во подножјето на источната страна на Андите. Овој екосистем е познат по своето огромно богатство на видови, со фауна и флора што не се среќаваат на ниту едно друго место, но областа е исто така тешко достапна за истражувачите.
Необична домашна мачка
За да дознаеме како истражувачите конечно ја откриле новата врста на мачка, мораме да се вратиме 10 години наназад.
„Во 2016 година, едно пронајдено маче беше донесено во локално прифатилиште за диви животни во Боливија, бидејќи покажуваше многу необично однесување за домашна мачка и изгледаше сосема поинаку“, вели Лескроар.
Животното тогаш беше идентификувано како северна тигреста мачка (Leopardus tigrinus) и спонтано го добико прекарот Тигрино. Мачето набрзо го привлекло вниманието на боливиските истражувана чи вклучени во проучувањето на тигрестите мачки.
Со анализа ДНК-та на Тигрино и споредување на тие податоци со примероци од други видови мачки, истражувачите успеаја да обезбедат докази дека станува збор за нов вид мачка.
Жив примерок
Според истражувачите, исто така е многу значајно што за опишување на нов вид е искористено живо животно. Вообичаено, мерењата, ДНК-анализата и опишувањето се вршат врз угинато животно. Во овој случај, сепак, тоа беше направено врз живо животно под анестезија.
„Тигрино ќе остане во прифатилиштето во Боливија до својата природна смрт. Потоа, неговото тело ќе биде вклучено во колекцијата на Националниот природонаучен музеј на Боливија“, вели Лескроар.
Тој изразува надеж дека откривањето на тилкајо ќе резултира со одвојување на повеќе ресурси за зачувување на популациите на тигрести мачки, кои често се наоѓаат во незавидна положба. Истовремено, ја истакнуваме неверојатната природна вредност што ја поседува Боливија.
Со најновото откритие утврдени се пет посебни видови на тигрести мачки: северна, јужна, источна облачеста и тилкајо тигреста мачка. Инаку, „тилкајо“ е локален назив за тигрестите мачки.

