Дваеста илјади евра недвижен имот е гаранцијата што ја дава сопственикот на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов како првообвинет во случајот за пожарот во дискотеката.
Во гаранцијата влегува целиот негов имот, но и имот на член на семејството.
Предлогот за гаранција веќе е доставен до Кривичниот суд, но предлогот треба да се прати на мислење во Јавното обвинителство по што судот ќе донесе одлука да се прифаќа гаранцијата.
Неговата одбрана уште минатата недела најави дека ќе поднесе гаранција во имот за определување мерки на претпазливост, со оглед на тоа што на Јованов на 3 октомври по сила на законот му истекува едногодишниот притвор.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 млади, а над 200 беа повредени.

