Српската Републичката изборна комисија (РИК) донесе одлука за повлекување на изборната листа поднесена од коалицијата „Народна Србија“ под називот „Народен избор – Мирослав Мики Алексиќ – Милош Парандиловиќ – Александар Јовановиќ Ќута“, од учество на парламентарните избори во Србија закажани за 25 октомври.
Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, потсети дека на 18 септември Комисијата го потврди учеството на изборите за листата на коалицијата „Народна Србија“, поднесена на 15 септември, како и дека на 22 септември подносителите доставиле известување за нејзино повлекување.
„Во согласност со Законот за избор на пратеници, подносителот на барањето може да ја повлече декларираната изборна листа најдоцна до денот кога ќе се утврди збирната гласачка листа, а Републичката изборна комисија ќе донесе решение во кое ќе се наведе дека декларираната изборна листа е повлечена. Самото барање е навремено и поднесено од овластено лице“, изјави Димитријевиќ.
Со ова сега како потврдени за учество на изборите остануваат 10 листи, а се очекува уште и одлуката на РИК околу поднесената кандидатура на Движењето Силата на Србија – БК (ПСС-БК) на српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ.

