Притвор од 30 дена доби инспекторката од Агенцијата за храна и ветеринарство за која Обвинителството покрена истрага за примање поткуп.
Предлогот за притвор беше побаран од Обвинителството, а е прифатен од Кривичниот суд.
Според Обвинителството, 42-годишната инспекторка во периодот од 17 до 24 септември побарала и примила пткуп од 250 евра од правно лице за да направи записник со кој ќе констатира дека нема неправилности во работата.

