Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата полициски службеници лишиле од слобода 21 возачи, а со еден е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.
Од нив, 10 лица возеле без положен возачки испит, а меѓу нив има и малолетник од село Видуше, оштина Маврово и Ростуше, додека еден возел со брзина поголема од дозволената.
Исто така, во присуство на родители извршен е разговор и со 16-годишник од кратовското село Приковци затоа што возел модеп без возачка дозвола.
Под дејство на алкохол возеле 10 лица, а триесет и седумгодишник од Македонски Брод управувал возило со активна забрана за управување возило од Б категорија.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

