Суд во САД прогласи еден 30-годишен маж е прогласен за виновен за подметнување катастрофалниот шумски пожар во Палисејдс кај Лос Анџелес, во кој загинаа 12 лица и бие уништени или оштетени илјадници домови.
Казната за оваа стихија, која се смета за еден од најразорните шумски пожари во Калифорнија, ќе биде изречена во март следната година. На мажот му се заканува максимална казна од 40 години затвор.
Триесетгодишникот беше уапсен во сојузната држава Флорида минатиот октомври. Нему веќе му се судеше претходно оваа година, но поротата не постигна едногласна одлука за пресуда и во јуни судијата го прогласи судењето за неважечко, по што федералните обвинители покренаа нов случај.
Овојпат, сите поротници беа убедени во неговата вина и мажот е обвинет дека на 1 јануари 2025 година, со запалка, потпалил грмушки од кои потоа се проширил пожарот.
Противпожарната служба сметаше дека брзо го изгаснала пожарот, но остатоци од него продолжија да тлеат под земја. Поради силниот ветер, на 7 јануари 2025 година пожарот повторно се разгоре и се проширил низ населбата Пасифик Палисејдс.
Пожарот беше изгаснат дури по 24 дена и предизвика штета од 129 милијарди евра, а 12 лица ги загубија животите. Цели станбени населби во Лос Анџелес и Малибу беа претворени во пепел.
Мажот се изјасни дека не е виновен. Неговиот адвокат, Стив Хејни, тврдеше дека нема конкретни докази за подметнување пожар и дека не може со сигурност да се тврди дали некој друг бил во близина на местото каде што избувнал пожарот таа вечер.
Дополнително, Хејни наведе дека пожарот можеби бил предизвикан и од огномет за време на дочекот на Новата година. Неколку сведоци, меѓу кои двајца локални жители и еден пожарникар од тој крај, изјавија дека слушнале силен тресок што доаѓал од правец на ридот каде што настанал пожарот.
Сепак, според обвинителите, на илјадниците фотографии од таа вечер не се гледа никаков огномет над ридот. Експертите, исто така, ја отфрлија можноста пожарот да бил предизвикан од огномет.
Обвинителите, понатаму, се фокусираа првенствено на доказите што го поврзуваат мажот со локацијата каде што избувнал пожарот. На пример, постоеја фотографии на кои се гледа неговиот автомобил паркиран во подножјето на пешачка патека што води кон местото каде што избувнал пожарот. Податоците од базните станици за мобилна телефонија, исто така, укажуваа на неговото присуство и движење на ридот.
Понатаму, врз основа на изјави од сведоци и текстуални пораки испратени до неговата тогашна девојка, обвинителите покажаа дека во часовите пред избувнувањето на пожарот, човекот се однесувал „непредвидливо и гневно“.
Обвинителите, на крајот, успеаја да ја убедат поротата во неговата вина. Според извештаите на американските медиуми, човекот реагирал едвај забележливо на пресудата. Пред да ја напушти судницата, тој ги прегрнал своите адвокати.

