Жена жртва на семејно насилство го пријавила насилникот и била истрајна се додека не влегла во судница и не се соочила со насилникот, открива обвинителката Спасенка Андоновска.
Таа за емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го посочува овој случај од нејзиното професионално искуство укажувајќи дека ваквите случаи се потврда колку е важно жртвата да има континуирана психолошка, правна и економска поддршка.
Беше истрајна сè додека не влезе во судницата и не го виде насилникот. Тогаш се случи сериозна промена кај неа и таа се повлече, вели Андонова за 4ТВ.
Според обвинителката, неколку години подоцна истата жена повторно го пријавила истото лице за насилство.

