Руски воен брод закотвен во пристаниште во либискиот град Бенгази е речиси целосно уништен при експлозија за која се претпоставува дека е предизвикана од со дрон
Според либиската ривалска влада што го контролира источниот дел на земјата, бродот се наоѓал во пристаништето во Бенгази заради полнење гориво и набавка на залихи.
Локални извори за западни медиуми изјавиле дека при експлозијата имало и повредени лица, но засега нема официјална потврда за тоа.
Според специјализираниот веб-сајт „Нејвал Љуз“, станува збор за мал воен брод од типот корвета, кој бил вкотвен во Либија неколку дена и наводно имал задача да придружува други бродови што превезувале оружје.
Русија сè уште не реагираше на ваквите информации, а досега и сè уште никој не презеде одговорност за нападот.
Во Средоземното Море во март потона руски танкер за транспорт на течен природен гас (ЛНГ). Според Русија, танкерот бил нападнат од дрон што Украина ги лансирала од либискиот брег.
По потонувањето на танкерот, меѓународните медиуми открија дека украински војници се стационирани во западна Либија, со одобрение на втората влада со седиште во Триполи, која го контролира западниот дел на земјата.
Оттаму, украинските војници наводно дејствуваат во замена за обука на либиската армија за користење дронови.
По граѓанската војна во Либија, земјата е поделена на два ривалски блока. Меѓународно признатата влада во Триполи и Владата на генералот Калифа Хафтар во Бенгази, која има поддршка од Русија.

