Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека случајот со пронјаденото беживотно тело на 38-годишниот маж кај Смилковското езеро се води како убиство.
Истрагата е во рана фаза. Не можам да кажам детали. МВР го класифицираше настанот како убиство, изјави Тошковски.
Безживотното тело на 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин беше пронајдено на 21 ноември, на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на Смилковци. Во пределот на ногата била пронајдена прострелна рана. Неговиот автомобил „мердецес“ беше пронајден во непосредна близина.
Во истрагата се прегледуваат и снимките од камерите на „Сејф сити“ во непосредба близина.

