Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, утре вечер (25 ноември 2026 г. среда), во 19 часот, ќе биде одржана промоцијата на поетската збирка „Подарок за жената“ од Кристина Краличин, надополнета со изложбата на слики „Лунадор“ од Жаклина Николовска.
Модераторка на вечерта ќе биде Изабела Новотни, промоторка е Митра Мими Спасова, а делови од поетската збирка ќе чита Благој Чоревски – Чоре. Овој проект претставува два уметнички изрази, а една приказна за жената, љубовта и светлината.

