Премиерата на претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, ќе се одржи во петок на 27 ноември, во 20 часот во Македонскиот Народен Театар.
Денеска во МНТ се одржа прес-конференција, а на средбата со медиумите се зборуваше за концептот и пристапот кон новата претстава, како и за актерската и авторската екипа која работеше на нејзината реализација.
Во претставата играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска, Гораст Цветковски и Аксел Мехмет.
Претпремиерата на најновиот проект на МНТ ќе се одржи на 26 ноември, следни изведби се закажани за 1 декември, 4 декември и 29 декември, сиет во истиот термин од 20ч.

