Патот кон ЕУ што Северна Македонија го мина досега беше нависитна трнлив, имаше многу неправди и многу повеќекратни стандарди, а одлуките честопати беа донесувани на штета на нашите македонски пријатели, изјави претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ на прес-конференција по денешната средба во Загреб со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
„Се надевам дека ќе се случат позитивни промени во блиска иднина и дека Северна Македонија, во согласност со сопствените достигнувања и исполнувањето на стандардите, ќе се движи напред кон ЕУ“, рече Јандроковиќ.
Иако и двајцата парламентарни спикери го истакнаа пријателството и партнерството меѓу двете земји, како и помошта што Загреб му ја пружи на Скопје на неговиот пат кон европската интеграција, Јандроковиќ оцени дека за тоа не е доволна само Хрватска.
„Неопходно е големите земји членки да постигнат договор дека Северна Македонија заслужува да биде членка“, додаде тој.
Гаши: Подготвени сме да го смениме Уставот за пристапување во ЕУ, но бараме гаранции
Гаши од своја страана рече дека Македонија е подготвена да го вклучи бугарското малцинство во Уставот, како што бара ЕУ, но таа бара гаранции дека по грчката и бугарската блокада нема да се појават нови билатерални проблеми што ќе го попречат нејзиниот пат кон европска интеграција.
„Ние сме целосно подготвени како Парламент, имаме целосен консензус за ставање на Бугарите во уставот. Сепак, ни треба предвидливост и гаранција дека ова ќе биде последното барање од Бугарија или некоја друга земја за да не мораме дополнително да го менуваме уставот поради прашања поврзани со идентитетот“, рече Гаши на прес-конференцијата.
Тој нагалси дека ние сме една од земјите кандидати што жртвуваше најмногу на европскиот пат. „Го менувавме Уставот, името на државата, па затоа би сакале овој процес да заврши без проблеми во однос на идентитетот, јазикот и историјата“, додаде Гаши.
Хрватска сака и нејзиното малцинство да биде вклучено во македонскиот Устав
Бидејќи Хрватска исто така сака нејзиното малцинство да биде вклучено во македонскиот Устав, Јандроковиќ изрази надеж дека тоа ќе се случи „кога ќе бидат исполнети условите“.
„Се надеваме дека претставниците на хрватскиот народ што живее во Македонија ќе бидат задоволни од напредокот во преговорите и исто така, кога ќе бидат исполнети условите, ќе добијат официјален статус на национално малцинство“, рече Јандроковиќ.

