Од утре до крајот на годината на автопатот Велес – Неготино кај клучката Градско ќе има времена измена на сообраќајот поради градежни активности во тој дел.
Подружница Страбаг Скопје известува дека од 25.11.2026 до 31.12.2026 год. на Автопатот А1 делница Велес – Неготино во зоната на клучката Градско, ќе има времена измена на режимот на сообраќај, со соодветно пренасочување и регулирање на сообраќајот, поради санациони работи на асфалтни површини, информира Јавното претпријатие „Македонијапат“.

