Општина Илинден утре од 10 до 14 часот организира отворен ден на кој граѓани, граѓански здруженија и правни лица ќе имаат можност да ги изнесат своите предлози и нивни приоритети и на тој начин да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година.
Општината ги повика сите граѓани активно да се вклучат во овој процес и со своите предлози да придонесат кон подобрување на квалитетот на локалните услуги, унапредување на условите за живот и понатамошен развој на општината.
Од Општината информираат дека во периодот од 9 до 25 ноември граѓаните имаале можност преку пополнување анкетен прашалник да ги достават своите идеи, предлози и иницијативи и активно да учествуваат во буџетското планирање.

