По долгогодишна правна битка, Бред Пит (62) и Анџелина Џоли (51) конечно вонсудски постигнаа спогодба во врска со нивниот имот со лозје во Франција, „Шато Миравал“. Адвокатските тимови најавија дека детали за договорот нема да бидат објавени.
„Шато Миравал“ имаше важно место во текот на 12-годишниот брак на актерсата двојка. Тоа беше нивно прибежиште сместено во мирното село Коренс во јужна Франција, каде што можеа да избегаат од папараците.
Но, кога Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, лозјето одеднаш стана место на правна битка. Во ова улога играат и парите, бидејќи Пит и Џоли своевремено лансираа органско розе вино, кое на етикетата ги носеше нивните имиња.
Имотот „Домен Миравал“ зафаќа 500 хектари, од кои 50 хектари се лозје.
За Пит, „капката што ја прели чашата“ беше еден вид „одмазднички потег“ од страна на Џоли. Според актерот, тој и Џоли имале јасен договор во врска со „Миравал“: никогаш да не го продаваат имотот без взаемна согласност.
Според Пит, Џоли го прекршила ова правило со тоа што својот дел од „Миравал му го продала на рускиот милијардер Јури Шефлер и неговата компанија за пијалаци „Столи“.
Актерката изјави дека навистина преговарала со својот поранешен сопруг за нејзиниот удел (40 отсто) во „Миравал“, но дека Пит барал од неа да потпише договор за доверливост.
На Џоли не ѝ било дозволено да открива ништо за нивното минато. Поради тоа, таа веднаш поднесе противтужба, во која го обвини Пит дека, во алкохолизирана состојба, ја нападнал неа и нивните шест деца додека биле во нивниот приватен авион.
За неа, токму тоа беше причината за разводот. Разводот беше конечно завршен дури по 8 години кон крајот на 2024 година.
Што точно е договорено во врска со лозјето, не е обелоденето. Пит сè уште води посебен судски спор против Шефлер во врска со „Миравал“.

