Вечерва, на 26 ноември, во 20ч во Центарот за култура-Битола, во рамки на 18. Фестивал на музика од светот, ќе настапат македонскиот гитарист и композитор Јован Милошевски, кој живее и работи во Шпанија, и битолскиот бенд CODE 369. Вечерта ќе понуди два различни авторски пристапа, поврзани со современиот музички израз и меѓународното искуство на изведувачите.
На 27 ноември, на сцената на Народниот театар – Битола, ќе гостува Sarsale од Барселона, со програма во духот на фламенкото и шпанската музичка традиција.
Под мотото „Музички крстопат“, градот Битола и Националната Установа „Центар за култура –Битола“ од 25 до 30 ноември ќе бидат домаќини на 18. Фестивал на музика од светот. Шест фестивалски вечери, уметници од повеќе земји и две изложби ќе го одбележат годинашното издание на Фестивалот.


