За две години во КСЗД се доставени 378 претставки, од кои 184 од жени за заштита од дискриминација и вознемирување од областа на работата и работните односи. Во последниве три години, дискриминација на жените на работно место е утврдена во 43 случаи, а најчесто место на утврдена дискриминација е во јавниот сектор.
Од Сојузот на синдикати на Македонија кој по повод 16 години активизам против родово базираното насилство промовираше видео материјал, сметаат дека се потребни законски измени со коишто ќе се овозможи платено отсуство од работа на жртвите на насилство.
Не смееме да дозволиме некоја жена да го загуби своето работно место и егзистенцијата во најтешките моменти од својот живот, кога се соочува со насилство. Доколку институциите потфрлат во процесот на превенција на насилството, ние мораме гласно да го осудиме секој таков случај, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Од ССМ бараат да се почитува Конвенцијата 190 на Меѓународната организација на трудот и акциските планови и закони да остануваат само на хартија.

