Охриѓанец пријавил во полиција дека во семејниот дом бил нападнат од неговата сопруга. Случајот го пријавил вчера попладне во СВР Охрид.
На 25.11.2026 во 16:55 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР во дневниот билтен.

