Полицијата повторно регистрира нов случај на врсничко насилство. Според објавеното во полицискиот билтен, двајца малолетници биле нападнати од неколку други малолетници.
На 25.11.2026 во СВР Скопје, А.С.(43) и Л.Р.(44), двајцата од Скопје, пријавија дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нивните малолетни синови биле физички нападнати од неколку други малолетници, соопшти МВР.
Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

