На 65-годишна возраст од рак на простата почина Енди Тејлор првиот гитарист на исклучително популарниот британски „њу вејв“ бенд „Дјуран Дјуран“, кој имаше свој придонес за хитовите како „The Reflex“, „Girls on Film“, „Rio“ и „Hungry Like the Wolf“.
Бендот „Дјуран Дјуран“ е основан во 1978 година. Четири години подоцна, групата го доживеа својот голем пробив со албумот „Rio“. Успехот на „Дјуран Дјуран“ е нераскинливо поврзан со подемот на музичкиот канал МТВ.
„За светот, Енди беше брилијантен гитарист, но за нас, тој беше најфантастичен сопруг, татко полн со љубов и најгорд дедо“, соопшти семејството на Тејлор по повод неговата смрт.
Членовите на „Дјуран Дјуран“ исто така му оддаваат почит на Тејлор преку социјалните мрежи.
Енди Тејлор започнал да работи како професионален музичар уште во рана младост. Кон крајот на 70-тите години на минатиот век, тој одговорил на оглас во музичко списание, во кој „Дјуран Дјуран“ барале „енергичен гитарист“.
„Гитаристичките делници на Тејлор, полни со јасни и моќни рифови, честопати беа еден од највпечатливите елементи во музиката на „Дјуран Дјуран“, пишува музичкиот новинар на Би-би-си, Марк Севиџ.
Енди Тејлор починал во понеделникот од рак на простата, опкружен од своето семејство. Имаше 65 години.

